Премиерот во заминување Зоран Заев реагира по прославата на 30-годишнината на навивачката група „Шверцери“ одржана во петокот во МНТ. Заев ја оцени ситуацијата како недолична.

Секој вандалски чин е за осудување, тука нема дилеми. Мене ми кажаа дека има и втор дел, а намерата била за млади луѓе. Но, испадна дека второт дел не била баш културна манифестација. Мора да има одговорност за кршење на инвентарот и мора да се надоместат штетите, вели Заев.