x

ПРЕМИЕРЛИГА: Лаказет херој на Арсенал, на пет меча постигнати вкупно четири гола

На пет меча попладнево во Премиерлигата, постигнати беа само четири голови, односно на четири меча беше 1:0 или 0:1, додека на еден меч немаше голови.

Арсенал го доби лондонското дерби против Вест Хем со 1:0, а голот за победа беше дело на Лаказет во 78. минута. „Топџиите“ со оваа победа се враќаат во игра за Лигата на шампионите.

Шефилд дојде до значајна победа во дуелот над Норич. Стрелец на единствениот гол беше Шарп. Њукасл со истиот резултат од 1:0 го совлада Саутемптон на гости, додека Кристал Палас со истиот резултат, само на домашен терен го победи Ватфорд.

Standings provided by Sofascore LiveScore

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата