x

Премиерлигата ќе ја премести борбата меѓу Џошуа и Пулев за јули

Боксерската битка за светската титула во тешка категорија меѓу Ентони Џошуа и Кубрат Пулев од 20 јуни би можела да биде преместена во јули, вели промоторот Еди Херн.

30-годишниот Британец треба да брани шампионските појаси од ВБА, ВБО и ИБФ верзиите на стадионот Тотенхем.

„Имаме втор датум во јули, но сега се надеваме дека 20 јуни може да остане како ден на борбата“, рече Херн.

„Очигледно одлуката во Премиерлигата ќе игра голема улога за нашата борба. Ако се оддолжи фудбалското првенство на Англија ќе мораме да ја преместиме борбата за јули. Тоа е сигурно“, вели промоторот на настанот.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата