x

Премиерлигата ќе го води позитивниот тест на Ковид-19 како повреда на играч

Премиерлигата се подготвува за враќањето кое е најавено за почетокот на јуни. Претходно играчите ќе мора да се тестираат, а доколку некој има позитивен тест на коронавирус, ќе биде воден како повреден.

Ова го наведува „Дејли Мејл“ повикувајќи се на извори од Премиерлигата која се подготвува да го врати фудбалот.

Фубалерите ќе бидат тестирани два пати неделно, а во раната фаза на враќањето играчите ќе тренираат во помали групи, не повеќе од пет играчи. Нема да има тимски состаноци.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата