Бегалци продолжуваат да влегуваат денеска во Хрватска од Србија преминувајќи преку нивите околу еден од седумте затворени гранични пункта меѓу двете земји, јави БТА.

Доцна синоќа Хрватска објави дека ќе го затвори седмиот од осумте гранички пунктови кон Србија, бидејќи не може повеќе да прима имигранти. Во последните два дена од Србија во Хрватска влегле над 11.000 луѓе.

Бегалскиот поток продолжува и денеска, откако луѓето пристигнаа со автобуси во граничниот град Шид и се движат преку нивите за да ја поминат границата, присоединувајќи се кон огромните толпи, контролирани од хрватската полиција. ви/нд/10:00