Од нив, како што информира денеска министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, дури 3.006 компании се до 10 вработени.

– Мерките од проектот „Македонија вработува” ги искористиле 424 мали компании од 10 до 50 вработени, 76 компании со од 50 до 250 вработени и 19 компании со над 250 вработени. Најголемо учество имаат помладите генерации, односно до 29 години кои се вработуваат преку мерката една плус една година ослободување од персонален данок и социјални придонеси. Преку оваа мерка се имаат вработено 1.472 млади лица до 29 години, истакна Спасов одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во АВРМ.

Преку мерката за вработување на лица до 35 години, односно три години ослободување од социјални придонеси со плус една година работодавачот да го задржи на работа вработени се 1.924 лица, од 35 до 50 години 688, и над 50 години 832 лица.

Директорот на АВРМ Влатко Поповски истана дека караванот „Македонија вработува” за информирање на граѓаните ќе продолжи како и организацијата на саемите за вработување.

Така, рече Поповски, ќе имаме еден голем настан во којшто ќе се сретнат и побарувачката и понудата на работна сила со тоа што ќе видат и самите оние што бараат работа каде се нуди слободно работно место, кои се квалификациите и потребите.