При уредувањето на домот изборот на детали е многу важен аспект. Своите четири ѕида можете да ги направите поинтересни и поубави на повеќе начини. Предметите од типот вазни, ламби, слики, свеќи, завеси можат во потполност да го променат изгледот на една просторија. Разгледајте и одлучете кој стил во домот сакате да превладува.

Детали – се препорачува бројот на детали на едно место да биде непарен.

Влезна врата – не смее да биде пренатрупана. Поставете масичка со највпечатлив и најнеобичен детаљ во овој дел кој оддава каков е остатокот од домот.

Слики – нивната средина треба да биде во висина на очите. Не смее да бидат закачени повисоко од 12 до 20 см над софата или 17 до 25 см над масата.

Полици со книги – за да не бидат пренатрупани, варирајте со нивната висина и висината на книгите во нив. Највисоките книги поставете ги на средина. Ако ги мешате со украси, книгите сепак треба да бидат во центарот на вниманието.

Осветлување – Нагласете ја големата слика како центар на просторијата со светло. Доброто осветлување создава пријатна атмосфера.

Теписи – го дефинираат и соеднуваат просторот и наедно создаваат ефект на топлина. Тепихот под трпезариската маса треба да биде доволно голем за на него да бидат столовите кога ќе се извлечат.

Перници – Ако ставите многу перници во спалната соба, ќе додадете живост во неа. Перниците во дневната соба ја прават да изгледа интересно и просечната просторија.

Огледала – одличен начин да се прошири просторот. Поставете ги така што одразот во нив да биде пријатен и впечатлив!

Бања – таа треба да изгледа како приватен велнес (спа) центар кој е најважно да мириса пријатно и свежо. Саксија свежо цвеќе или миризливи свеќи ќе го постигнат тој ефект.

Кујна – важно е да создадете гурманска атмосфера. Закачете бакарни лонци и тави на сталак од жица и кујната ќе изгледа поживо.