Модната индустријата го избра супермоделот на годината, а на таа позиција се најде прекрасната 19-годишна Суданка Адут Акех.

Листата беше објавена од страна на влијателниот моден портал models.com, а нивните читатели ја дадоа оваа ласкава титула на моделот Џиџи Хадид, која модните дизајнери и водечките луѓе во индустријата лани ја прогласија за супермодел. Веднаш до неа, на второто место, се најде нејзината сестра Бела.

SYDNEY, AUSTRALIA – AUGUST 08: Adut Akech attends the David Jones Spring Summer 18 Collections Launch at Fox Studios on August 8, 2018 in Sydney, Australia. (Photo by Mark Metcalfe/Getty Images for David Jones)

Адут е родена во Судан, раното детство го поминала во бегалски камп во Кенија, а во Австралија се преселила со своето семејство кога имала седум години. Нејзината модна кариера започна кога имала само 16 години. Таа на модни ревии носеше креации на многу познати модни куќи и дизајнери како Сен Лорен, Валентино, Живанши, Кензо, Прада.

Овој месец, прекрасната Суданка беше на насловната на британското и австралиското издание на магазинот „Бог“, а американското издание ја ангажираше за моден едиторијал.

Веста за прогласување на супермодел на годината Адут ја затекна откако на „Инстаграм“ отворено призна дека се борела со депресија и анксиозност.

извор: Makfax