Презентација на “Холивуд-фризурата”
Асиметрични линии, силни нијанси и гламур, зачинет со висококвалитетни производи од Сцхњарзопф се главните атрибути на “Холивуд-фризурата” која завчера претставниците на фризерските студија “Скопје” и “Крис” ја промовираа пред посетителите на Саемот за убавина. Патем, одговорните луѓе на фирмата “Интершик Професионал”, застапник на Сцхњарзкопф за Македонија, Босна, Србија и Црна Гора кои ја организираа оваа интересна промоција, ја презентираа и својата богата палета производи. Инаку, оваа фирма која нуди професионални производи за нега и стајлинг на коса на македонскиот пазар постои веќе десет години. Нивните производи ги користат сите реномирани фризерски студија, а можат исто така да се купат и во екслузивните парфимерии. Саемот за убавина кој првпат се организираше во Скопје, заврши вчера.