x

Пред 5 години не им чинеше на ВБА и Арсенал, сега е прва ѕвезда на Баерн (М)

gnabry

Пред пет години, Тони Пјулис го отпиша Гнабри, кого Вест Бромвич Албион го изнајми од Арсенал изјавувајќи: „Серж сака да игра, но тој не е на ова ниво. Тој е само дел од академијата и скоро никогаш не играл во Премиер лигата. Дали академиите произведуваат играчи подготвени за Премиер лигата? Тешко, затоа што ова е Премиер лига“.

Гнабри помина само дванаесет минути во Премиер лигата таа година. Кога заврши сезоната 2015/16 година, Германецот се откажа од новиот договор со Арсенал, се врати дома и за неколку години од талент што „не е за Премиер лига“, се претвори во лидер на Баерн. Играчот кој се врати дома од една од најдобрите екипи во Англија, синоќа го повлече Баерн кон 11-тото финале во ЛШ.

Навивачите на Арсенал воопшто не се навредени од заминувањето на Гнабри, затоа што тие за тоа го обвинуваат управувањето и Венгер. Впечатливиот успех, разликата меѓу 12 минути во ВБА и нивото што тој многу брзо го достигна во Бундеслигата, се покажа како аргумент плус дека „топчиите“ не знаат да работат со младите надежи.

Гнабри се сметаше за огромен талент и како дете, и откако дојде во Арсенал. Тогаш Венгер го споредуваше со Волкот. Но, Гнабри никогаш не го доби вистинскиот третман кај лондончани. До август 2016 година, крилниот играч скоро заборави на фудбалот. Тој се немаше појавено на терен осум месеци, пред тоа го лекуваше коленото повеќе од една година и одигра едвај 137 минути за 2,5 години. Потоа селекторот на олимписката репрезентација на Германија, Хорст Хрубиш го однесе на Олимпијадата каде постигна гол против Мексиканците, постигна уште два во следните два меча и ги однесе Германците во четвртфиналето. На 6 натпревари тој постигна 6 гола, стана најдобар стрелец и носител на сребрен олимписки медал.

Гнабри го смени пристапот кон тренинг и тоа беше клучно од талент да стане она што е денеска. Мартин Ведеман, е човекот кој го разгледал подготвителниот процес, комбинираната невронаука и биомеханиката и програмирање на правилно движење, развој на невромускулни врски и контролирање на сите процеси во организмот, што вели, било неопходно, Гнабри по повредата на коленото да се врати со самодоверба на теренот.

„Кога Серж беше опоравен од неговата повреда, медицинските лица на Арсенал мораа да создадат нови вештини за движење во мозокот преку кој се контролираат моторните рефлекси. Тие не го сториле тоа и се фокусирале на процесот на заздравување на ткивата. Но, тоа не е доволно. Мораме да се концентрираме на она што го прави мозокот. Тој е тој што контролира сè. Вие не можете да дадете максимум ако не го контролирате правилно вашето тело“, вели Ведеман.

Ведеман го репрограмирал Гнабри, го научил безбедно да трча со повреденото колено, да го исправи грбот пред удар и со голема брзина да го контролира неговиот центар на гравитација. Во текот на изминатите три години, коленото на Серж попушти само еднаш, со пауза од четири дена. Тој доби личен тренер и зеде часови по јога за подобрување на истегнувањето и зајакнувањето на лигаментите. Неколку пати неделно тренира индивидуално со Ларс Линхард (главен германски физиотерапевт) и работи на врската меѓу мозокот и мускулите, подобрувајќи ја координацијата и реакцијата. Во исто време, тој ја промени шемата за спиење и започна неочекувано хоби:

„Моите раце не се брзи како нозете, но пијаното и фудбалот се нешто слични. Кога ќе научите нова композиција, тоа е како фудбалска пракса. Во фудбалот, станувате подобри ако направите нешто добро, а на истиот начин и пијаното ве подобрува“, вели Гнабри.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата