Многу ми е смешно кога ќе видам мои фотографии од пред 15 години. Тогаш сакав да експериментирам и не сакав да бидам едноличен. Не велам дека секогаш сум бил совршен, но со задоволство се сеќавам на тој период. Тогаш бев и дебел. Сега, на пример, сум ултра згоден”, се пошегувал српскиот кантавтор и додал дека низ регионов владее музичка криза, но не знае како да го објасни тој феномен.

“Се чувствува криза во музичкиот свет, не знам зошто е тоа така. Сепак, така е секаде низ светот. Пејачите како веќе да не ги искажуваат емоциите”, појаснил Јоксимовиќ кој две сезони беше дел од жирито во “Икс-фактор”.

Решив да не жирирам повеќе. Две години бев во ‘Икс-фактор# и тоа за мене беше нешто специфично и посебно. Ми годеше работата со млади таленти, но веќе немам време за тоа”, заклучил Жељко.