x

„Пред 12 години му собирав топки на Џеко, сега играм со него“

villar

Шпанскиот фудбалер Гонзало Виљар, кој сега е дел од Рома, признал дека пред 12 години му собирал топки на Един Џеко, а сега е горд што има можност да ја дели соблекувалната со него.

„Љубовта спрема фудбалот се роди во училиштето, секој ден играв. Имав желба во мене.“, рече Виљар и додаде:

„Навивам за Мурсија, но сега клубот е во очајна ситуација“ вели Виљар.

Тој има интересна поврзаност со неговиот сегашен соиграч Един Џеко.

„Во 2008 година се играше квалификациски меч меѓу Шпанија и Босна во Мурсија. Един Џеко играше за БИХ а јас собирав топки позади голот. Интересно е што после 12 години му станав соиграч“, рече Виљар.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата