Новоизбраниот претседател на САД, Џозеф Бајден, уживаше во својата посета на Белград во 2016 година.

Уште во 2016 година, претседателот Александар Вучиќ беше домаќин на новиот американски претседател Џо Бајден.

По официјалните средби, Бајден и Вучиќ прошетаа низ белградска Скадарлија. Вучиќ му беше „водич“ на Бајден низ најпознатиот кварт во главниот град и толкувач на традиционални ракотворби, кои беа изложени на штандовите.

Бајден имаше можност и да танцува на белградската калдрма со песната на Звонко Богдан „Покрај езерото, мала куќа …“.

– Ви благодарам за гостопримството, извинете, морам да заминам, ви благодарам за вашата љубезност – им порача Бајден на снимателите на крајот од неговата посета на Скадарлија.