Животот на Викторија Бекам би бил многу поразличен да се омажила за првиот вереник Марк Вуд. Овој пар се запознал кога Викторија имала 14 години и одела во основно училиште, а тој работел како електричар во фирмата на родителите.

Марк бил стручњак за месење на аларми против кратци а во луксузна куќа се вселил 1994 година и ја запросил после нејзината аудиција за Спајс грлс.

Иако не биле венчани, Пош себе си се нарекувала Викторија Адамс Вуд. Сепак му го скршила срцето на својот вереник кога ја раскинала шестгодишната врска односно кога Спајси достигнале огромна популарност.

– Тој не беше вистинска личност за мене, не уживав, морав да ја прекинам таа врска. Не му го вратив прстенот, сеуште го имам, затоа што е многу добар. Зар тоа не е ужасно? Звучам како голем материјалиста.

Марк во почетокот зборувал само најубави работи за својата бивша девојка. – Тоа беше посебна врска, но тој дел од мојот живот е готов. Тажно е тоа бидејќи бевме долго заедно, но таа доби се што сакаше од животот и горд сум на неа.

Сепак, работите станале лоши кога Марк деценија подоцна прозборел за нивниот се*суален живот во документарец наречен Тајните на Викторија Бекам.

– Имено тој збеснал кога таа раскажала предходно на телевизија лоши работи за него: – Од некоја причина веќе бев верена. Тој се занимаваше со алармите. Штета што не останал во шпајзот кога го сретнав во куќата на мајкаму.

После ова Марк бил многу повреден и не внимавал на тоа дали ќе ја посрамоти Викторија, со што решил да прозборе за врската.

Една од неговите шокантни изјави се однесувала на нејзините гради.

– Градите кои сега ги има секако не се оние кои ги имаше порано – без влакна на јазик бил нејзиниот вереник.