Националната агенција за лекови на Грција (Εθνικό Οργανισμό Φαρμάκων) издала предупредување до граѓаните кога е во прашање заштитата од корона вирус. 

Имено, тие наведуваат дека прскањето на луѓето кои поминуваат низ дезобариера или кабина пред влезот во одредено подрачје не е прифатлив метод за дезинфекција.

Како што наведуваат од агенцијата, прскање на воздухот со средстав за дезинфекција само претставува ризик по здравјето, а не спречува ширење на заразните вируси како што е корона вирусот SARS-CoV-2.