Предлог за казнени налози денеска издаде Основното јавно обвинителство Делчево за осум лица кои не постапување според здравствени прописи за време на епидемија.

Јавното обвинителлство информираше дека обвинетите за време на викендот, додека во сила била забраната за движење на населението на територијата на Република Северна Македонија , се движеле пеш или со возила низ градот. Со тоа, не ги почитувале здравствените прописи и го сториле кривичното дело, а за што обвинителството побара од надлежниот суд да им биде изречена парична казна.​