Францускиот сенатор и поранешен министер за правда Робер Бадинтер вчера во Приштина изјави дека предлогот на Марти Ахтисари нема лесно да помине во Советот за безбедност на ОН и оти одлуката за статусот на Косово може со месеци да се пролонгира. Бадинтер нагласи оти Косово ќе биде независно, но оти тој процес бара многу време поради реалната можност од руско вето.