Целта на предавањето беше да се промовираат настани за подобрување на условите и нови инвестиции во руралните средини во државата односно за генерално инвестирање во одржливиот развој на идните генерации.

– Органското или биолошкото производство е стариот традиционален начин со кој нашите предци произведувале. За органското производство мора да имаме благосостојба на сите живи организми кои ја населуваат планетата Земја за да произведеме храна во која нема пестициди и колку што е можно повеќе да се намали употребата на вештачки ѓубрива, нагласи во своето обраќање предавачот Крунислав Пешев, наставник по биологија.

Само на тој начин, додаде Пешев, може да добиете здраво еколошко производство и да ги заштитиме горните слоеви на почвата од негативни влијанија на штетни препарати.