Предавачите кои преку континуирана обука треба да изградат европски профил на судии, јавни обвинители и судска администрација, побарале изземање на странскиот јазик од критериумите кои треба да ги поседуваат за да останат на оваа позиција во Академијата, најверојатно бидејќи голем број од нив не познаваат ниту еден странски јазик.

Според Ива Цоневска од Институтот за европска политикa со додавањето на овој критериум исфрлени се голем број квалитетни предавачи од Академијата, но со право бидејќи предавачите мора да имаат познавање на барем еден странски јазик.

Сепак, се поставува прашањето како е возможно одреден предавач да се нарече квалитетен доколку не знае странски јазик кој е повеќе од потребен особено кога станува збор за едукација на судиите и обвинителите во однос на читањето на пресудите од Европскиот суд за човекови права и останатите меѓународни судови. Проблемот со познавање на странски јазик во Академијата за судии и јавни обвинители датира од поодамна.

Пред повеќе од една година беше откриена аферата за поседување лажни дипломи за познавање на странски јазик од страна на кандидатите кои влегле во Академијата. Но, по се изгледа фалсификат диполоми не поседувале само кандидатите, туку и предавачите. Овој скандал подоцна го потврди и претседателот на Советот на јавни обвинители, Петар Аневски.

Виктор Јованов

извор: Makfax