Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун изјави дека преговорите за нов договор за климата се водат исклучително бавно и треба да се интензивираат.

Бан нагласи дека остануваат само уште 10 дена за преговори, а клучните политички прашања се се уште на маса.

На средба за климатските промени во Генералното собрание, Бан изјави дека светските лидери треба да дадат поголеми овластувања на министрите и претставниците во преговорите за да преземат лична одговорност за исходот од преговорите за глобален договор за ограничување на штетните гасови на конференцијата во Париз во декември.

Францускиот министер за надворешни работи Лоран Фабиус исто така повика за политичка волја и интензивирање на преговорите.