Полицијата од Арканзас објави снимка од моментот во кој полицајците убија двајца крадци во текот на потера.

Во украдениот автомобил биле Меган Ривера (32) и нејзиното момче Де’Анџело Браун (30). Полицајците во јануари година се обидоа да ги запрат откако забележале дека на возилото немаат регистарски таблички.

Но двојката не застанала, туку продолжила да бега.

Во потерата се вклучија и останатите полициски патроли. Откако успеале да го запрат подивениот пар, полицијаците им порачале да излезат од автомобилот и да се предадат.

Но Ривера, која била зад воланот на автомобилот, не се откажала од бекството па прегазила еден полицаец. Во тој момент неговите колеги почнале да пукаат по автомобилот, а на двојката и немало спас.

Прегазениот полицаец набрзо се опоравил од повредите, а против неговите шест колеги, кои го застрелаа побеснетиот пар, државата засега нема да покрене постапка.