Седумдесетгодишен жител на скопското село Мојанци почина откако вчера во него удри автомобил на автопатот Северна обиколница за Скопје, на надвозник за исклучокот за с.Кондово.

По незгодата, Т.Н. бил префрлен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде по укажаната лекарска помош им подлегнал на повредите. Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа на СВР Скопје.

извор: Makfax