Попладнево е прегазен човек на булеварот „Партизански одреди“ кај Симпо.

Според очевидци, човекот претрчувал улица, каде што нема пешачки премин. За среќа, е жив, а Брза помош веднаш пристигнала.

Инаку, како што тврдат очевидците за КУРИР, возачот што го удрил со автомобил веднаш избегал.