На 2.9.2019 во 16: 15 часот на крстосница од бул. „Крсте Мисирков“ и бул.„Гоце Делчев“ во Скопје, патничко моторно возило „ауди А2“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Ш.(44) од Скопје, удрило во велосипед управуван од Т.К. од Гостивар.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот кој бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде му била укажана лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.