Седумдесет и шестгодишен пешак бил повреден во сообраќајна несреќа што се случила вчера во Тетово. Во него удрил автомобил, а возачот избегал.

Според информациите на МВР, несреќата се случила вчера околу 17.40 часот на кружниот тек на улиците Илинденска и 172 кога возило удрило во пешакот О.О. (76) од село Пирок, тетовско, кој се здобил со повреди и бил пренесен и задржан на лекување во тетовската клиничка болница. Возачот веднаш избегал од местото на несреќата, а полицијата трага по него.

 

извор: Makfax