Педесет и тригодишен пешак бил прегазен од автомобил во селото Подготци, Струшко.

Несреќата се случила вчера, а со автомобилот управувал 27-годишник од струшкото село.

„Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во болницата Св.Еразмо-Охрид. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Струга“, велат од МВР.

извор: Makfax