ДИК ги објави податоците од вториот круг на изборите за претседател во Македонија по пребројани 100 отсто од гласачките ливчиња.

Според обработените податоци, Стево Пендаровски е новиот претседател на со освоени 436.212 гласа или 51,66 отсто од гласовите.

Гордана Силјановска-Давкова, неговата противкандидатка од ВМРО-ДПМНЕ, пак, освои 377.713 гласа или 44,73 проценти.

Од вкупниот број ливчиња неважечки се 30.442 или во проценти 3,61%.