Вчера во 11: 35 часот било пријавено дека во Скопје, на раскрсницата од ул.„„Крушевска Република“ и бул.„Кузман Јосифоски Питу“, патничко возило „форд мондео“, со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Р.(44) од Скопје, удрило во пешакот Е.Б.(59) од Прилеп. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Е.Б., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Рано утринава, пак, во 05: 30 часот било пријавено дека во Скопје, на бул.„Александар Македонски“, патничко возило „шкода“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.С.(32) удрило во пешакот Т.Б.(54) од Скопје. Во
незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.