x

Прв смртен случај од коронавирус во спортска Македонија: Почина Ермир Зулбеари

Ермир Зулбеари почина од последици од коронавирусот на само 36 години. Тој беше некогашен фудбалер на Градец од  истоименото гостиварско место, а до пред некој ден беше и прв човек на нисколигашот.

Ова веројатно е прв смртен случај во спортска Македонија како последица од коронавирусот. Како што јавуваат медиумите на албански јазик, Зулбеари имал проблеми и со срцето, а починал на скопската клиника.

Зулбеари беше татко на три деца, а последното го добил пред неколку месеци. 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата