x

Прв случај на коронавирус во хрватската Прва лига

И првиот случај на коронавирус е потврден во најсилната хрватска лига. Интер од Запрешиќ потврди дека едно лице од нивните редови е позитивно на КОВИД-19 но не соопшти дали се работи за фудбалер, тренер или вработен во клубот.

Од Интер соопштија дека ќе ги следат препораките на епидемиолозите и дека ќе почитуваа се што ќе кажат тие и така ќе реагираат. Според проценките на епидемиолозите, фудбалерите на Риека, со кои Интер играше минатиот викенд во Запрешиќ и изгуби со 1:0, не се загрозени и не мора да одат во самоизолација.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата