x

Првпат по 1994: Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ го враќа стоењето!

За првпат по повеќе од 15 години, на „Олд Трафорд“ или „Театарот на соништата“ ќе може и да се стои. Раководството на Манчестер Јунајтед побара од надлежните и доби дозвола, за наредната сезона да продава најмногу 1.500 билети за стоење, се разбира за секој натпревар во Премиер лигата. Ова ќе биде генерална проба, ако успее тогаш за во иднина можеби ќе има поголема група на фанови на Јунајтед кои ќе може да навиваат од дел на трибината која што ќе биде определена како „стоечка“.

Да се потсетиме дека од 1994 година во Англија е забрането да се стои,и тоа како последица на „Извештајот на Тејлор“ по трагедијата на „Хилсборо“ кога во 1989 година 96 навивачи на Ливерпул.

Пред Јунајтед, дозвола побара и доби Вулверхемптон, кој засега е единствен клуб во Англија каде што на неговиот стадион, дел од гледачите може да го следат натпреварот со „стоечката“ трибина.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата