x

Првпат во историјата: Два француски тима стигнаа до полуфиналето на ЛШ

psg-lyon

За првпат во историјата на Лигата на шампионите, но и претходно кога се уште ова натпреварување се играше под името Куп на европските шампиони, два француски тима ќе бидат во полуфиналето. Покрај ПСЖ, тоа вечерва му успеа и на Лион, кој изненадувачки славеше над Манчестер Сити.

Историјата вели дека досега само еднаш се случило две француски екипи да стигнат до полуфиналето во некое европско натпреварување. Тоа се случи во сезоната 1992/93 кога во полуфиналето на Купот на Уефа играа ПСЖ и Оксер.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата