Најзаслужниот за елиминацијата на Наполи, капитенот на Реал (М), Серхио Рамос, испрати јасна порака до сите тие кои пред една недела ја критикуваа неговата игра за време на првенствениот дуел против екипата на Лас Палмас.

Пред една седмица ме плукаа, а сега пак сум супер. Тоа е нашата судбина, мораме да научиме да се однесуваме достоинствено и кога губиме, исто како и при победите. Знаевме дека нема да ни биде лесно во Неапол, но добро го одработевме натпреварот и заслужено се пласиравме во следната рунда. Среќен сум за четвртфиналето, но исто така и треба да си ги анализираме грешките бидејќи допрва пред нас се дуелите со најдобрите тимови во Европа, изјави Рамос.

По натпреварот во Неапол, Рамос изјави и дека ќе спие помирно доколку ПСЖ ја елиминира Барселона во 1/8 финалната рунда од ЛШ.