Во саботата бевме сведоци на новото продолжение од најубавата фудбалска бајка во сезоната 2015/2016.

Најпријатното изненадување кога е во прашање најважната споредна работа на денешницата, тимот на Лестер, забележа нова победа и со која направи уштее ден голем чекор кон зацртаната цел, освојување на првата шампионска титула во англиската Премиер лига.

Со погодокот на алжирскиот интернационалец, Ријад Махрез, популарните “лисици” славеа и во дуелот против екипата на Кристал Палас и на седум натпревари до крајот на актуелната сезона, избраниците на Клаудио Раниери, со натпревар повеќе имаат осум бода повеќе од второпласираниот Тотенхем.

Иако еуфоријата може да се почуствува на секој чекор, помеѓу секој искрен фан на Лестер, предводникот на популарните “лисици”, Клаудио Раниери по натпреварот изјави дека неговите избраници мораат прво да ја реализираат следната зацртана цел, пласман во групната фаза од Лигата на шампиони, а потоа да се фокусираат на борбата за шампионската титула.

На почетокот од сезонава сите се крстевме во опстанок, а сега сме многу близу до успех што дефинитивно би бил историски. Направивме значен чекор напред со најновата победа, навивачите пејат шампионска песна, но ние мораме да останеме смирени. Има уште седум кола и предноста е голема, но мораме да одиме чекор по чекор. Следна желба ми е да го обезбедиме учеството во ЛШ за наредната сезона, на добар пат сме да го оствариме тоа во периодот што следи, изјави италијанскиот стручњак кој е на добар пат да ја испише најважната страница во клупската историја на Лестер.