Компанијата “WobbleWorks” првото 3Д пенкало во светот “3Doodler”, што го нуди најдостапниот начин за тридимензионално пишување.

Пенкалото користи АБС или ПЛА пластика како сите останати 3Д принтери и може да се користи за пишување во воздух или на некоја подлога.

Уредот нема потреба од софтвер или компјутер, што го прави лесен и компактен за употреба. По вклучувањето на 3Doodler во струја може веднаш да се почне со “цртање”најразлични креации.

Од појавувањето на идејата на “Кик Стартер” 3Doodler заработи многу повеќе од потребните 30.000 долари. Нови испораки на пенкалото се закажани за септември.