x

Првото Конференциско финале на УЕФА Eвропа ќе се одигра во Тирана

uefa-liga-konferencija

Тирана, главниот град на Албанија ќе биде домаќин на првото финале на Конференцијата на УЕФА Европа. Новото клупско натпреварување кое ќе биде под капата на УЕФА ќе стартува во сезоната 2021/22, а финалето ќе се одигра на 25 мај 2022 година на арената „Ер Албанија“ во Тирана.

На Извршниот комитет на УЕФА донесена е одлука финалињата во Лигата на нациите 2021 година да бидат одиграни во Италија, со две полуфиналиња (6 и 7 октомври), меч за трето место и финалето (двете на 10 октомври) на стадионите на Јувентус и на Милан.

ЕУРО У21 во 2023 година ќе биде одржано во Романија и Грузија. Отворањето ќе биде во Романија, а финалето во Грузија.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата