x

Прволигашите ги “букираа“ Охрид и Струга, ќе “врие“ од фудбалери и клубови покрај езерото!

Откако Словенија отпадна како дестинација за летни подготовки, а познато е дека во минатото таму по традиција одеа Работнички, Шкендија, Вардар,…ова лето Охрид и Струга ќе “вријат“ од наши клубови и играчи. Имено во двата наши туристички бисери ќе се подготвуваат Работнички, Ренова, Шкупи, Пелистер, веројатно Силекс и Шкендија, таму секако дека е Струга ТЛ…, додека Македонија ЃП ќе оди на планина, и тоа на Маврово.

Секако дека ова е добро, барем за охриѓани и стружани кои со оглед на тоа дека туристичката сезона ќе им биде пропадната поради Ковид-19, барем малку да се офајдат.

Со оглед на тоа дека има посебни протоколи за тренирање, посебно на главниот терен во Охрид, екипите мора стриктно да се придржуваат до нив. Не смее да има блиски контакти на играчи од два клуба во време на тренинзите.

Кога сме кај Словенија, да споменеме дека Шкендија се распрашувала на кој начин може да се дојде до таа земја, но познато е дека ЕУ забрани влез, поради коронавирусот, на сите граѓани што се надвор од Унијата. И со тоа пропадна намерата тетовци одново да ги одработат летните подготовки во таа земја.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата