Две жени се заразени со коронавирус во Црна Гора. Ова се првите случаи коишто се пријавени во земјата.  Премиерот Душко Марковиќ на прес-конференцијата објави дека заразените жени се родени во 1948 и 1973 година.

Пријавено е дека жените се од Подгорица и Улцињ. Едната жена дошла од Америка  пред 12 дена, а друга од Шпанија и била под надзор.

Директорот на Институтот за јавно здравје, Бобан Мугоша, рече дека заразените лица не се вработени. Тој исто така изјави дека едната живее сама, а другата со семејството и дека треба да се спроведат одредени мерки. Тој објасни дека едниот пациент бил на клиниката, а другиот е дома.

„Лабораториите на Институтот за јавно здравје на Црна Гора денеска ги потврдија првите случаи на инфекција со коронавирус во Црна Гора. Пациентите биле во области погодени од епидемијата во претходниот период”, рече Марковиќ.

извор: Makfax