x

Први прогнози: Нема скршеница, само извиткување но ќе мора да паузира

screenshot_2-8

Напаѓачот на Пари Сен Жермен Килијан Мбапе во финалето од Купот на Франција доби незгоден удар поради што беше изнесен на носилки од теренот. Младиот напаѓач со солзи во очите го напушти теренот, а подоцна во второто полувреме, на патерици се врати на клупата но барам имаше насмевка на лицето.

Според Радио Монте Карло, утрово биле извршени серија тестови кои покажале дека се работи за навистина лошо извиткување на зглобот. Но добро е што нема фрактура и посериозно оштетување на лигаментите.

Јасно е дека Килијан Мбапе нема да игра против Лион во финалето од Лига Купот на 31. јули, а исто така е под голем знак прашалник за четвртфиналето од Лигата на шампионите и пресметката со Аталанта (12. август).

Во меѓувреме, Мбапе се огласи на социјалните мрежи:

„Се разбудив како победник, нема подобро чувство. Ви благодарам за убавите пораки, навистина ме допреа. Бакнежи за сите, имајте убав викенд“.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата