Првите дози на вакцината против коронавирусот на американската компанија „Фајзер“ се пренесени од Белгија во САД, изјави за „Ен-Би-Си“ извор информиран за работата на одделот за планирање на американската авиокомпанија „Јунајтед ерлајнс“.

Дистрибуцијата на вакцината Фејзер ќе започне веднаш откако подготовката ќе добие „зелено светло“ од американската Администрација за храна и лекови, објави порталот Вашингтон Хил.

„Волстрит журнал“ објави дека Јунајтед ерлајнс испратил неколку авиони за транспорт на вакцините Пфајзер во САД, а во изјава за Хил минатиот петок, Федералната управа за авијација на САД (ФАА) исто така потврди дека „обезбедува поддршка за првиот масовен воздушен транспорт на вакцини“. “

Исто така, беше наведено дека ФАА дозволи Јунајтед ерлајнс да носи 15.000 килограми сув мраз по лет, што е пет пати повеќе од дозволеното оптоварување, бидејќи вакцината Фајзер мора да се чува на температура под нулата, со цел да се зачува ефикасноста на препаратот.

Засега, неодобрената вакцина Фајзер е развиена во партнерство со германската биотехнолошка компанија Бајонтек.

Минатата недела, оваа американска фармацевтска компанија поднесе барање за одобрување за итна употреба до европските и американските институции, бидејќи употребата на вакцината не е можна без соодветни дозволи од надлежните органи во ЕУ и САД.