x

Првиот човек на италијанскиот фудбал дециден: „Никогаш нема да потпишам прекин на сезоната“

Првиот човек на италијанскиот фудбал Грабриеле Гравина, истакна дека никогаш не би потпишал документ со кој сезоната би завршила. Фудбалот во Италија, и во другите земји веќе неколку недели е во мирување. Пандемијата од коронавирусот го сопре целиот Свет, а фудбалот полека почнува да се враќа со тоа што дел екипите веќе почнаа, а дел ќе почнат со тренинзи во мали групи.

Но, за разлика од некои други како Холандија или Франција, кај кои нема да заврши сезоната, Гравина посакува сезоната да се заврши.

„Додека сум претседател на фудбалскиот сојуз на Италија, никогаш нема да потпишам документ со кој предвреме би се завршила сезоната. Тоа би било смрт за фудбалот“, рече Гравина и додаде:

„Ги штитам интересите на сите, и повторувам дека тоа нема да го потпишам, освен ако условите бидат такви да апсолутно нема да може да се игра фудбал“, рече Гравија кој што напомена дека доколку сезоната се прекине, фудбалот ќе биде во загуба меѓу 700 и 800 милиони евра.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата