Првиот пролетен ден во Македонија ќе трае 12 часа и 7 минути.

Синоптичарите за денеска најавуваат сончево време со мала до умерена облачност и со слаб претежно источен ветер. Минималната температура ќе се движи од минус четири до три, а дневната од 12 до 18 степени.

Пролетта ќе трае до 21 јуни во 00 часот и 35 минути кога календарски започнува летото.