Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, а ќе дува и слаб до умерен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од осум до 17, а дневната од 28 до 35 степени.

Во Скопје сончево со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе се искачи до 33 степени.

УВ-индексот ќе има вредност 8.

И утре ќе се задржи стабилно, сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Температурата се движи од 29 до 36 степени. Во среда попладне ќе има услови за краткотраен локален дожд, а во четврток на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата ќе бележи благо опаѓање.