x

Првенец на Спировски и нов гол на Тричковски за дерби-победа на АЕК Ларнака (ВИДЕО)

spirovski-i-trickovski

Уште едно извонредно издание на македонските интернационалци на Кипар. Стефан Спировски и Иван Тричковски постигнаа по еден гол во убедливата победа на АЕК Ларнака на дербито на 2. коло во кипарскиот фудбалски шампионат против екипата на АПОЕЛ одигран вечерва.

Спировски го отвори резултатот со неговиот официјален првенец во зелениот дрес на АЕК во 7. минута, резултат со кој се замина на одмор.

 

Во вториот дел домашните дојдоа и до втор погодок во 55. минута преку Абрахам, за Тричковски со неговиот втор сезонски погодок во 72. минута да ја запечати победа на домашните од Ларнака.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата