Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални објави фотографија од болницата на својот Инстаграм профил, за прв пат откако наводно беше отруен минатиот месец.

На фотографијата се гледа како Навални седи во болнички кревет, опкружен со сопругата и децата и со порака дека сега може да дише самостојно.

Здраво, тука Навални. Ми недостигате сите. Сè уште тешко можам да правам било што, но вчера можев да дишам самостојно – генерално сам. Не користев никаква надворешна помош, дури ни вентил во грлото. Ми се допадна, неверојатен и потценет процес, напиша Навални.