Вељко Ражнатовиќ и Богдана Родиќ денеска го кажаа судбоносното „да“ во Храмот Свети Сава и тие се заколнаа на вечна убов. Двајцата се венчаа во криптата на Храмот, а од насмевките на нивните лица може да се заклучи дека тие се најсреќни во светот. Исто така, семејствата на Ражнатовиќ и Родиќ не ја кријат својата среќа заради свадбата, што беше прикажано и на официјална семејна фотографија направена во криптата на Храмот.