x

Прва радост за Вардар, по голема драма падна Црн Дрим

vardar-tft-kosarka-5

Вардар и Црн Дрим одиграа крајно неизвесен натпревар, кој се решаваше во самиот финиш, а таму посреќни беа „црвено-црните, славеа со 76-72 и дојдоа до првата радост оваа сезона по четирите порази во низа. Ова беше заостанат меч од првото коло.

Домашниот тим беше подобар во првите 10. минути (24-19), но гостите вратија во следниот период, иако Вардар дојде и до плус 10 (31-21), успеаја да направат пресврт и на полувремето да поведат со 40-42.

По одморот „црвено-црните“ држеа ритам, имаа и плус осум (50-42), но во последните десет минути влегоа со 55-54 за голема драма. Стружани направија неспортска лична грешка во самио финиш, која пресуди за конечниот исход. Провел беше прецизен од линијата за слободни фрлања за прва радост сезонава.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата