Екипата на Лусаил која од неодамна ја води македонскиот стратег Мирсад Јонуз забележа победа со 1:0 на гости кај Ал Месамер во 2. лига на Катар. Јонуз на крајот на октомври ја презема екипата која запиша два стартни порази, а вечерва ја прекина серијата.
Лусаил по три одиграни кола е на шестото место со само три бода во лигата која брои осум клубови.