Квалификациските средби, по групи, за учество на Европското првенство во кошарка, во Шпанија, идната година, влегуваат во самата завршница. За нас посебно интересни се средбите во групата “Бè каде настапува и македонската селекција, со реални шанси да обезбеди шпанска виза. Теоретски и практично можно е уште денеска во Софија, ако Македонија ја совлада селекцијата на Израел, а Португалија дома загуби од БиХ, да го прославиме враќањето онаму каде ни е вистинското место, по шест гладни години (првиот настап на ЕП го имавме во 1999 година во Франција).
Избраниците на селекторот Јорданчо Давитков се свесни за големата шанса и најавуваат дека уште вечерва ќе сторат сў да ги решат сите грижи околу првото место на табелата. Дотолку повеќе што со Израел ќе играат на неутрален терен.
По еднодневниот одмор, завчера нашите играчи имаа тренинг во салата во Градскиот парк, а вчера отпатуваа во Софија каде селекцијата на Израел, во рамките на петтото коло, ќе биде домаќин, поради настаните во својата земја.
– Уште по стартниот пораз во групата од Португалија, најавив дека во сите наредни средби ќе размислуваме од натпревар за натпревар. За нас важни беа победите. Ги остваривме. Сега не очекува нова пресметка, овој пат со солидниот тим на Израел, предводен од Арнолд и Халперин. Ќе се обидеме да им поставиме стапица во одбраната, а во нападот вечерва очекувам моите играчи да “експлодираатè шутерски, вели селекторот на македонската репрезентација, Јорданчо Давитков.
На гостувањето во Бугарија, нашите кошаркари нема да бидат осамени, ќе имаат голема поддршка и од трибините, бидејќи за Софија заминуваат два специјални автобуса со навивачи и симпатизери на репрезентацијата.
Денеска во петтото коло ќе играат: Израел – Македонија и Португалија – БиХ.
ТАБЕЛА
1.Македонија 4 3 1 344:335 7
2. Португалија 4 3 1 318:312 7
3. БиХ 4 1 3 321:312 5
4. Израел 4 1 3 299:323 5

Славчо Трошановски
Фото: В. Перковски