На Клиниката за ортопедски болести во понеделникот, првпат во земјава, а според некои инфромации и во регионот, е имплатиран вештачаки лактен зглоб. Интервенцијата е извршена кај 40-годишна пациентка од внтрешноста, кај која на овој начин и се санираат последиците од тешка повреда на зглобот настаната пред 16 години. Пациентката, според проф. д-р Ѓорѓи Зафировски, се чувствува добро, за десетина дена се очекува да биде отпуштена од Клиниката, а рехабилитацијата која е веќе почната ќе ја продолжи во градот каде што живее. Ваквиот зафат, според него, се наметнал како единствено решение откако неколкуте оперативни интервенции не обезбедиле подобрување, а движењето на раката останало ограничено и многу болно. Имплантацијата ја изврши ортопедскиот тим, во кој покрај д-р Зафировски, биле и д-р М. Самарџиски, д-р В.Камнар, Ј. Нојков… ”Протезата е изработена во германската фирма “Виндермар линк” по мерка на пациентката, а оваа компанија на Клиниката и ги обезбеди и специјалните инструменти за имплантација на лактниот зглоб”, објасни д-р Зафировски. Со воведувањето на имплантацијата на лактниот зглоб, Клиниката за ортопедија ја заокружува можната палета од вакви зафати. Имено, во оваа врвна ортопедска институција рутински се вршат вградувања на вештачки колкови, колена, протези на скочниот зглоб, на рамениот зглоб, протези на зглобовите на шаката. Според проф. Зафировски, пред оропедскиот тим за освојување остануваат уште имплантациите кај стапалото и на рачниот зглоб, со тоа што кај раката повеќето од повредите веќе се санираат со т.н. ”биолошка реконструкција”. (Р.Н.)